|
ECOTIP
д.о.о. Скопје е специјализирана фирма за развој, продажба и
производство на филтери и филтерски системи. Работиме во сите
подрачја на филтрацијата за сите можни призводствени процеси.
Почетокот на фирмата е во 1998 година, основана на партнерски
однос со ECOTIP,
с. Коњице, Р. Словенија. Основната програма е филтрација на
воздух и течности во делот на филтери за климатизација и
вентилација и филтери за индустриско отпрашување. Вистинскиот
развој почнува во 2001 година кога е проширена програмата на
сите видови на филтрација за сите подрачја со застапништво на
неколку големи европски фирми. Истата година проширена е
програмата на работа во областа на трансмисијата и
трансмисиските елементи како резултат на побарувачката на
пазарот. Како резултат на професионалното работење во дејноста
на филтрацијата на воздух и течности, како една од
најквалитетните фирми во Р. Македонија во оваа дејност, во 2004
година, ECOTIP
д.о.о. стана ексклузивен дистрибутер за Р. Македонија на
најголемата фирма во областа на филтрацијата "Пал"
(Pall)
од САД.
Основни принципи
Основните
принципи во нашата работа се квалитетот и задоволството на
нашите клиенти и партнери. Задоволен клиент е наша обврска и
крајна цел во работењето. Сите наши производи и решенија се
разликуваат од конкурентните токму во квалитетот. Наш основен
појдовен пристап е најдобриот квалитет. Не најниска цена, туку
најдобра цена, според пазарните вредности. Разликата помеѓу
добар и лош филтер не е во изгледот и во цената на почетокот
туку во комплетната калкулација помеѓу спасените животи и
потенцијалните жртви, потрошените поголеми средства за енергија
и помали средства за енергија. Експертскиот пристап е на прво
место во нашата работа. Сите материјали поминуваат низ контрола
од самиот производстен процес до инсталацијата. Се стремиме за
секој излезен производ да ја имаме трагата за потеклото и
карактеристиките од репроматеријалите до крајниот производ.
Младиот тим и партнерите, кои секојдневно се зголемуваат, ќе
направат сè
за поголема брзина, флексибилност и решение кај секој проблем
насекаде околу вас. Нашата програма овозможува да бидеме секаде
околу вас. Оттука, свесни за благодарната задача да го подобриме
квалитетот на водата што ја пиете, воздухот што го дишете,
горивата на вашите автомобили, сите прехранбени производи,
ампули, таблети, пречистителни станици, се стремиме да останеме
најдобри и уште повеќе присутни околу вас. Сите средства и
понатаму ќе ги вложуваме во здравјето и потребите за луѓето,
бидејќи тоа се и нашите потреби. |